11/03/2010
АТИНА, Грција -- Илјадници работници ги напуштија своите работни места во четврток (11-ти март), на третиот 24-часовен генерален штрајк за еден месец. Акцијата, организирана од двата најголеми синдикати, како протест против владините мерки на штедење, ги погоди владините тела, јавните болници и училишта, даночните канцеларии и комуналните служби. Учеството на контролорите во воздушниот сообраќај предизвика застој на летовите во и надвор од државата. Бродските служби се прекинати, како и јавниот транспорт во Атина и Солун. Новинарите, исто така, штрајкуваат, така што не се пренесуваат вести. На митингот во центарот на Атина присуствуваа неколку илјадници луѓе, кои се движеа кон парламентот. Полицијата се судри со неколку десетици маскирани млади луѓе, кои фрлаа молотови коктели и проектили на полицијата која го обезбедуваше митингот во близина на Атинскиот политехнички универзитет. (AФП, ББС, Њус ин, АП - 11/03/10)