Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Турција и ММФ ги прекинаа разговорите

11/03/2010

AНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во средата (10-ти март) објави дека Анкара и ММФ се согласиле да ги прекинат разговорите за стенд-бај аранжман. Тој вели дека двете страни имаат различни ставови во врска со некои строги услови на ММФ, додавајќи дека Турција е сега способна „да застане на свои нозе“. Претходниот договор од 10 милијарди американски долари меѓу Турција и ММФ истече во мај 2008 година, по што следеа разговори за нов заем, кој не се реализираше. ММФ вели дека ќе испрати мисија во Турција во мај за да ја преиспита ситуацијата, прва ваква мисија во последниве три години. (Заман, Сабах - 11/03/10; AФП, АП, Ројтерс, Хуријет - 10/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's