Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Европските социјалисти изразија поддршка за албанската опозиција

11/03/2010

СТРАЗБУР, Франција -- Членовите на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во средата (10-ти март) ја изразија својата поддршка за напорите на албанската опозициска Социјалистичка партија (СП), за испитување на општите избори во 2009 година. Водачот на СП Еди Рама беше во Стразбур, каде што се состана со претставниците на ПЕС и високи членови на Европскиот парламент (ЕП), објаснувајќи: „Сакам да ја истакнам важноста на слободните избори и нивната транспарентност“. Тој додаде дека Албанија мора да прекине со местење на изборите еднаш засекогаш. Тој, исто така, повика на слободно движење на Албанците во Европа.

ПЕС ја поздрави одлуката на СП за ставање крај на шестмесечниот бојкот и враќање во парламентот минатиот месец. Истата ја повика албанската влада да ја исполни својата обврска и да й дозволи на комисија да ги испита оспорените избори. Од своето враќање, СП се фокусираше единствено на прашањата кои ја засегаат. (ББС, Топ ченал, Шекули, Ора њус - 10/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's