10/03/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Премиерот Емил Боц во вторникот (9-ти март) даде зелено светло за отворањето на сите преостанати документи поврзани со антикомунистичката револуција во 1989 година. Сé досега тие беа класификувани како тајни. Боц рече дека потегот ќе помогне да се открие вистината за тоа што се случило во крвавиот револт со кој беше соборен диктаторот Николае Чаушеску. Министерството за одбрана ќе отвори околу 8.000 страници од документите за јавноста. (AП, Гандул, Адеварул - 10/03/10; Meдиафакс, Hotnews.ro - 09/03/10)