10/03/2010
AНКАРА, Турција -- Судот во Истанбул во вторникот (9-ти март) осуди британскиот уметник за објавувањето карикатура која беше заклучено дека е навредлива за премиерот Реџеп Тајип Ердоган. Мајкл Дикинсон (59), кој живее во Турција во последниве 20 години, го претстави Ердоган како куче со американско знаме како свој синџир. Судот му изрече парична казна во висина од 4.500 американски долари, наместо затворска казна. (AФП, ББС - 09/03/10)