10/03/2010
ПРИШТИНА, Косовo -- Белгискиот премиер Ив Летерм во вторникот (9-ти март) во Приштина рече дека визната либерализација зависи од признавањето на независноста на Косово од страна на земјите во Шенген зоната. „Независноста мора да биде признаена од сите држави“, рече Летерм. Белгија го презема ротирачкото претседавање на ЕУ од Шпанија на 1-ви јули и Летерм рече дека Балканот ќе биде приоритет. (Косова Сот, Зери, Коха Диторе - 10/03/10; РТК, Телеграфи - 09/03/10)