10/03/2010
TИРАНА, Албанија -- Шефот на канцеларијата на ММФ во Албанија, Гервин Бел, во вторникот (9-ти март) рече дека земјата постигнала импресивни економски остварувања во 2009 година, справувајќи се добро со светската економска криза. Според Фондот, албанската економија пораснала за 3 отсто минатата година, знак кој доби честитки од Бел. Претставникот на ММФ предвиде дека албанската економија ќе продолжи да расте, иако со побавно темпо оваа година. (Ора њус, ВоА, Топ ченал, Алсат - 09/03/10)