10/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Во вторникот (9-ти март) белгискиот државен секретар за азил, Мелчиор Вателет, на властите во јужните српски општини Прешево и Бујановац им рече дека српските граѓани нема да добијат азил за економски причини. Тој додаде дека првата група баратели на азил од Србија и Македонија ќе биде испратена дома в среда. Според официјалните податоци, 58 српски граѓани аплицираа за азил во Белгија во јануари, по што следеа 330 во февруари. Повеќето од нив беа етнички Албанци од јужна Србија. Српските државјани можат да патуваат во ЕУ без визи од декември. Вателет истакна дека еден од начините да се спречат луѓето да бараат азил е да се инвестира во економиите на нивните родни региони. (Б92, Бета, Блиц - 09/03/10)
31/05/2011