10/03/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Инспекторот Раими Мод Јусоф од сингапурската полиција за романскиот суд во средата (10-ти март) изјави дека препознал поранешен дипломат како возачот на возилото вмешано во две сообраќајни несреќи во кои возачот избегал, а при кои едно лице загина, а две беа повредени во декември. Поранешниот дипломат Силвиу Јонеску го возел автомобилот на амбасадата кој ги предизвика инцидентите. Јонеску (49) тврди дека возилото било украдено -- тврдење кое Јусоф го отфрли на суд. Отстранет од позицијата, Јонеску се соочува со кривични обвиненија во Романија во врска со случајот. (Евениментул зилеи, Реалитатеа, ДПА - 10/03/10)