10/03/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Националната антикорупциска обвинителска канцеларија во вторникот (9-ти март) побара од министерот за правда Каталин Предиу да дозволи апсење на пратеник на опозицијата. Процедурално, Предиу мора да го извести парламентот за барањето. Членот на Социјалдемократската партија Каталин Воицу е осомничен дека примил 260.000 евра мито од бизнисмен за исплата на судии. Митото, наводно, било примено меѓу јули и септември минатата година. Воицу ги негираше обвинувањата. (Зиаре, Котидианул, Евениментул зилеи - 10/03/10; AП, Hotnews.ro, Реалитатеа - 09/03/10)