Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Тројца осомничени во случајот на тешка кражба во Кипар

10/03/2010

НИКОЗИЈА, Кипар -- Полицијата во вторникот (9-ти март) објави дека се уапсени две лица во врска со кражбата на посмртните останки на починатиот претседател Тасос Пападопулос, заедно со третиот осомничен кој веќе беше затворен за други кривични дела. Телото, украдено во декември, беше пронајдено во понеделникот во близина на гробиштата во Никозија. Полицијата вели дека мотивот бил откуп, кој семејството одбило да го плати. Тројцата осомничени се опишани како: Индиец со фалсификуван бугарски пасош, затвореникот Андонис Пропокиу Китас -- кој отслужува доживотна затворна казна во централниот затвор во Никозија за серија убиства -- и еден роднина на Китас. Инспекторите веруваат дека Китас го организирал делото од неговата ќелија. (КНА, АФП - 09/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's