10/03/2010
ВАШИНГТОН, САД -- Секретарот за внатрешна безбедност Џенет Наполитано во вторникот (9-ти март) објави дека Грција е додадена на листата држави на чии граѓани не им требаат визи за да патуваат во САД. Таа ја поздрави подготвеноста на грчките власти да ја зајакнат безбедноста во воздушниот сообраќај. Грчките граѓани ќе можат да патуваат без визи во рок од 30 дена. (AФП, ИТАР-ТАСС, АНА-МПА - 09/03/10)