Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Папандреу вели дека САД ги поддржуваат грчките напори

10/03/2010

ВАШИНГТОН, САД -- Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во вторникот (9-ти март) рече дека американскиот претседател Барак Обама го поддржува неговиот повик за посилни мерки против шпекулаторите, кои можеби се делумно одговорни за економската криза на Грција. Тој рече дека другите водачи, вклучително и францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, посочиле дека нема да дозволат стабилноста на еврозоната да биде поткопана. Прашањето на хеџ фондовите ќе биде додадено на агендата на следниот состанок на Г20, додаде Папандреу.

Меѓу другите теми за кои беше дискутирано на состанокот во Белата куќа меѓу Обама и Папандреу беа и грчката иницијатива за пристапување на сите држави од Западен Балкан во ЕУ до 2014 година и односите меѓу Атина и Анкара.

Во другите вести на оваа тема, претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо во четвртокот рече дека ЕК ќе преземе остри мерки против ширењето шпекулации, посочувајќи дека комисијата работи на идејата за Европскиот монетарен фонд (ЕМФ), сличен на ММФ, за спречување на нестабилноста во еврозоната. „Комисијата активно работи со членките на евро-областа за да направи механизам кој Грција ќе може да го употреби во случај на потреба“, рече Баросо во Стразбург.

Претседателот на Еврогрупата, Жан-Клод Јункер, пак, предупредува дека предложениот ЕМФ не може да ги реши сите проблеми. „Ова не е решение за Грција, која е проблем што мора брзо да се реши“, изјави тој за новинарите по состанокот во вторникот со германската канцеларка Ангела Меркел. Предложениот фонд не треба да создаде можност државите да не ја сфаќаат сериозно буџетската дисциплина, додаде тој. (Фајненшал мирор - 10/03/10; ББС, АФП, Дојче веле, Блумберг, Ксинхуа, Ројтерс, АНА-МПА, ЕРТ - 09/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's