Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Борисов го обвини претседателот за кршење на законот

08/03/2010

СОФИЈА, Бугарија -- Премиерот Бојко Борисов во понеделникот (8-ми март) го критикуваше претседателот Георги Парванов за неговото однесување во неодамнешната расправија со министерот за финансии, Симеон Џанков. „Парванов реагираше како тесноград човек. Всушност, тој бараше изговор да ја нападне владата“, изјави Борисов за „Стандард“. Контроверзноста започна на 1-ви март. Запрашан од локална телевизија дали е вистина дека Парванов е млад милијардер, Џанков одговори „тој не е млад“. Следниот ден кабинетот на Парванов објави соопштение во кое го обвинува министерот за клевета. Џанков вели дека неговиот одговор бил погрешно протолкуван. Во петокот тие се состанаа за да ги расчистат работите, но наместо тоа, ги влошија уште повеќе. Парванов објави записник од разговорите, што според владејачката партија на Борисов ГЕРБ и парламентот претставува кршење на законот. Никој, истакнуваат критичарите, не може да запишува разговор, а потоа да го објави без согласност на двете страни. (Стандард - 08/03/10; Капитал, Дарик - 07/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's