08/03/2010
НИКОЗИЈА, Кипар -- Водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат во саботата (6-ти март) ја отпочна својата претседателска кампања, во северниот дел од поделениот остров. Изборите се закажани за 18-ти април. Главниот противкандидат на Талат е националистот Дервиш Ероглу, кој беше во благо водство на последните анкети на јавното мислење. (AП, Хуријет - 07/03/10)