05/03/2010
СОФИЈА, Бугарија -- Министерството за енергија и туризам во четвртокот (4-ти март) објави дека Бугарија ќе се приклучи на гасоводот Турција-Грција-Италија, дел од јужниот енергетски коридор на ЕУ. Министерот Трајчо Трајков потпиша договор во Солун во петокот, со што се формираше заедничко претпријатие кое ќе ја изгради врската до грчкиот дел од гасоводот. Бугарскиот енергетски холдинг ќе има 50 отсто удел во претпријатието, додека останатите акции ќе ги поседува ИГИ Посејдон, во сопственост на грчки и италијански претпријатија. Проектот се очекува да стане функционален до 2013 година и ќе ја намали бугарската зависност од рускиот дотур. (Фокус - 05/03/10; 24 Часа, Дарик - 04/03/10)