22/02/2010
МОСКВА, Русија - Бугарија и Русија се согласија да започнат со изградба на нуклеарна централа во бугарскиот град Белене оваа есен, рече во саботата (20-ти февруари) рускиот министер за енергија, Сергеј Шматко, по посетата на Софија, каде што разговараше со својот бугарски колега, Трајчо Трајков. Шматко додаде дека било разговарано за серија детали, особено подготвеноста на Русија да обезбеди финансиска помош додека не биде најден стратешки инвеститор. Русија ќе ја финансира изградбата на централата, преку проектното претпријатие формирано за оваа цел и е подготвена да инвестира 1,9 милијарди евра во период од две години. Напорите за изградба на централата наидоа на пречка неколкупати. (ИТАР-ТАСС, Стандард, Дарик - 20/02/10)