19/02/2010
МОСКВА, Русија-- Владата побара од Бугарија да даде повеќе детали во врска со плановите за распоредување елементи на американскиот противракетен штит на нејзина територија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов минатата недела рече дека Софија и Вашингтон ќе отпочнат прелиминарни разговори за ова прашање. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Владимир Титов, во четвртокот (18-ти февруари) се состана со бугарскиот амбасадор во Москва, Пламен Грозданов, при што му рече дека Москва ќе испрати официјален прашалник за целта и суштината на разговорите. Ова прашање беше покренато откако соседот на Бугарија, Романија, одлучи претходно овој месец да прифати елементи на американскиот систем, кој ќе стане оперативен до 2015 година. (Дневник, Труд, новинска агенција Фокус, ИТАР-ТАСС, ББС - 18/02/10)