Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Бугарија е можно да ги зголеми транзитните давачки за рускиот гас

17/02/2010

СОФИЈА, Бугарија -- Министерот за енергија, Трајчо Трајков, во вторникот (16-ти февруари) рече дека Софија е можно да побара повисоки транзитни давачки за рускиот гас кој поминува низ нејзината територија во правец кон балканските држави. Трајков не даде прецизни бројки, но истакна дека сличните вакви такси што ги наплаќаат државите се двапати поголеми од сумата што ја добива Бугарија. Изјавата уследи по неочекуваната посета на генералниот директор на Гаспром, Алексеј Милер. За време на посетата на Софија, Милер се состана и со претседателот Георги Парванов и со премиерот Бојко Борисов. Разговорите се фокусираа на гасоводот Јужен тек и договорите за снабдување со гас кои ќе ги заменат оние што истекуваат оваа година. (AП, бТВ, БНР, Новинар - 16/02/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's