08/02/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Силни снежни виулици блокираа десетици патишта и оставија околу 20 градови и села без струја на југ и југоисток од земјата, објави во неделата (7-ми февруари) Министерството за внатрешни работи. Во Букурешт, портокалова тревога беше ставена на сила до понеделникот вечер. Училиштата се затворени и многу патишта се непроодни. Дел од автопатот што ги поврзува Букурешт и Констанца беше затворен, а погоден беше и железничкиот сообраќај. (Meдиафакс, Евениментул Зилеи, Романија Либера - 08/02/10; Реалитатеа, АФП - 07/02/10)