08/02/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Уставниот суд донесе одлука во контроверзниот случај за измени на изборниот закон. Одлуката го принуди парламентот да ги направи неопходните измени до 2012 година, навреме за следните редовни општи избори, објавија локалните медиуми во понеделникот (8-ми февруари). Актуелниот систем предвидува квазимнозинско гласање, кое е, всушност, разводнето со националниот изборен праг од 5 отсто, заедно со условот за привлекување 50 отсто од гласовите во изборните единици со едно место, во еден круг. Според сегашниот услов, местата што ќе останат испразнети се прераспределуваат меѓу партиите над овој праг, со пропорционалното распределување. Ова доведе до екстрамни случаи како што е избор на пратеници со само неколку стотини гласови и ставање на третиот или четвртиот во гласањето. Уставниот суд инсистира на отстранување на двете главни одредби -- прагот од 5 отсто и распределувањето на слободните места со пропорционално правило. Претседателот Трајан Башеску од Либералдемократската партија силно ги поддржува измените. (Eвениментул зилеи, Зиаре - 08/02/10)