08/02/2010
AНКАРА, Турција -- Воениот суд во четвртокот (4-ти февруари) осуди потполковник на четири години затвор, откако пронајде скриено оружје во неговиот дом. Мустафа Донмез, чие судење беше дел од тековната истрага за т.н. организација Ергенекон, беше отпуштен и од армијата. Случајот Ергенекон го испитува наводниот заговор за соборување на владата со поттикнување воена интервенција. Мрежата на Ергенекон е обвинета дека заговарала индиректен државен удар, при што досега цивилните судови издадоа наредби за апсење на многу воени офицери. Уставниот суд неодамна го поништи законот кој дозволуваше воен персонал да биде суден во цивилни судови. (Tуркие - 06/02/10; Заман, Нетхабер - 05/02/10)