08/02/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за визната либерализација на Западен Балкан, Тања Фајон, вели дека БиХ постигна значителен напредок во спроведувањето на условите од својот патоказ за визната либерализација кон ЕУ. Во интервју за сараевскиот весник Дневни аваз во неделата (7-ми февруари), Фајон рече дека очекува земјата да добие позитивна оценка и препорака од Европската комисија, што значи да биде додадена на Белата листа на почетокот од април. Ако се случи тоа, рече таа, ЕП и ЕУ е можно да ги завршат процедурите потребни за укинување на визите во текот на јули. Македонија, Србија и Црна Гора беа вклучени во режимот на визната либерализација на ЕУ во декември. (Дневни аваз, Dnevnik.ba, РТЦГ - 07/02/10)