08/02/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Опозициската Српска напредна партија (СНС) досега собра повеќе од 300.000 потписи за поддршка на предвремените избори, рече претставникот на СНС Никола Селаковиќ во неделата (7-ми февруари). Селаковиќ очекува да собере повеќе од потребниот еден милион потписи. „Владата не сака нови избори бидејќи е свесна дека нејзината популарност опаѓа, но ако имаат барем некаква политичка одговорност, владејачките партии нема да можат да го игнорираат ова барање“, рече Селаковиќ. Водачот на СНС, Томислав Николиќ, рече дека неговата партија ќе бара предвремени избори за да ја добие парламентарната застапеност што ја заслужува. (Б92, Taнјуг, РТС - 07/02/10)