08/02/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Членката на Европскиот парламент (ЕП) Дорис Пак вели дека на Косово му требаат 12 до 18 месеци за да ги исполни критериумите одредени од ЕУ и да може да добие визна либерализација. „Ова зависи од политиката. Ако косовските власти работат побрзо, процесите ќе може, исто така, да се движат побрзо“, јавната радиотелевизија РТК ја цитираше изјавата на Пак во неделата (7-ми февруари). Пак рече дека напредокот е генерално нееднаков. Таа истакна дека многу Срби учествувале на олштинските избори во ноември, опишувајќи го нивното учество како клучно во тој процес. (Инфо прес, Епока е Ре - 08/02/10; РТК, Телеграфи - 07/02/10)