07/02/2010
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Началникот на Генералштабот на армијата, Славко Бариќ, во петокот (5-ти февруари) рече дека скоро половина од војниците во државата се испратени на продолжен одмор поради ограничувањата во националниот буџет. Во изјавата за локалниот телевизиски канал ХТВ Бариќ додаде дека одморот за сите бригади кои не се оперативни, ќе трае до пролет. Армијата има 16.000 војници, од кои 7.000 се без оперативни задачи. (ДПА, Билд - 05/02/10)