Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Русија загрижена поради плановите на Романија за противракетен штит

07/02/2010

МОСКВА, Русија -- Министерството за надворешни работи во петокот (5-ти февруари) изрази загриженост и побара објаснување откако Романија ги објави своите планови за поставување на елементи на предложениот американски противракетен штит. Врховниот суд за одбрана во Букурешт ја поддржа идејата во четвртокот. Претседателот Трајан Башеску вели дека капацитетите би требало да профункционираат до 2015 година и дека новиот систем не е насочен против Русија. Но, Москва не е убедена во тоа. „Ова е сериозно прашање и ние ќе го анализираме сериозно. Тоа, се разбира, не загрижува. Ни требаат разјаснувања. Ќе ги покренеме овие прашања контактите со нашите европски и американски партнери“, се вели во соопштението на руското министерство. (AФП, Прес ТВ, Ројтерс, ИТАР-ТАС - 05/02/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's