05/02/2010
TИРАНА, Албанија -- Парламентот усвои нова тригодишна забрана за моторизираните бродови во четвртокот (4-ти февруари), за да помогне во борбата против шверцот. Туристичките бродови и скутерите ќе бидат исклучени од забраната, но, исто така, ќе подлежат на одредени правила. Првите четири години од мораториумот ја намалија количината на нелегална дрога префрлена преку Јадранското Мора во соседна Италија, како и трговијата со луѓе. Забраната постојано е критикувана од опозицијата дека им штети на локалните рибари и туризмот. (Oра њус, Топ њус, Њус 24 - 04/02/10)