02/02/2010
TИРАНА, Албанија -- Владејачката Демократска партија (ДП) ќе побара референдум за законот со цел смена на поранешните функционери од комунистичкиот режим од државните институции. Веста за ова уследи откако Уставниот суд ја поништи првичната верзија на т.н. „закон за лустрација“. Законот беше критикуван надвор од Албанија како од Хелсиншкиот комитет, така и од Венецијанската комисија, заедно со советничкото тело на Советот на Европа заради уставни прашања. Пратеничката на ДП Месила Дода во понеделникот (1-ви февруари) изјави дека новиот закон наскоро ќе биде претставен во парламентот. По одобрувањето таму, рече таа, истиот ќе биде ставен на јавен референдум и испратен до Европскиот суд за човекови права во Стразбур на разгледување. (Алсат, ВоА, Топ ченал, Вижн +, Клан, Лајмфундит - 01/02/10)