01/02/2010
ТИРАНА, Албанија -- Претставниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) ќе му помогнат на претседателот Бамир Топи во организирањето тркалезна маса на сите партии, за решавање на тековниот политички ќор-сокак. Поранешниот заменик-претседател на ПАЦЕ и претставник на албанската делегација, Александар Биберај, ја објави оваа вест во неделата (31-ви јануари). Опозициската Социјалистичка партија (СП) продолжува со бојкотот на парламентот, додека не биде спроведена истрага за парламентарните избори од јуни 2009 година, за кои тврди дека биле нарушени со неправилности. (Шекули, Топ њус, Њус 24 - 31/01/10)