01/02/2010
ТИРАНА, Албанија -- Министерот за надворешни работи, Илир Мета, во неделата (31-ви јануари) рече дека дефинирањето на поморските граници со Грција е приоритет за Албанија. Минатата недела Уставниот суд во Тирана одлучи дека договорот за одбележувањето на границата го крши уставот и дека мора повторно да се преговара. Опозициската Социјалистичка партија (СП) го побара преиспитувањето од судот. Мета ја истакна поддршката на Грција за процесот на интеграција на Албанија во ЕУ. (Лајмфундит, Шекули, Балкан веб, Телеграфи - 31/01/10)