18/01/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Србија ќе се спротивстави на каков било референдум кој би можел да води до поделба на БиХ, рече српскиот претседател Борис Тадиќ во интервју за босанската телевизина ОБН во неделата (17-ти јануари), додавајќи дека меѓународниот кредибилитет на Белград е ставен на коцка. Премиерот Милорад Додик со месеци се заканува дека ќе одржи ваков референдум. Но, Тадиќ рече дека неговата земја го почитува Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, според кој БиХ ја сочинуваат два ентитети, РС и Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Тој, исто така, рече дека воените злосторства не можат да се заборават и изрази надеж дека српскиот парламент наскоро ќе усвои резолуција во која ќе ги осуди злосторствата извршени во Сребреница. (Бета, Б92, РТС, Танјуг - 17/01/10)