06/01/2010
AТИНА, Грција -- Полицијата во вторникот (5-ти јануари) уапси член на терористичката организација Конспиративно јадро на огнот. Никос Бакопулос (26) беше уапсен врз основа на потерницата што беше издадена минатата недела. Неговите отпечатоци на прсти се совпаднаа со оние што полицијата ги откри на местото каде што организацијата се верува дека одржувала состаноци во атинската област Халандри. Бакопулос беше, исто така, уапсен во мај 2006 година, поради инцидентите за време на митингот во Атина од страна на Европскиот социјален форум. Според грчкиот закон, секој кој ќе биде прогласен за виновен за припаѓање на забранета терористичка група се соочува со доживотна затворска казна. (Ројтерс, Скај - 05/01/10)