03/01/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Премиерот Хашим Тачи во четвртокот (31-ви декември) упати сочувство до својот фински колега Мати Ванханен, изразувајќи најдлабоко жалење во врска со убиството на пет лица од страна на лице со потекло од косовските Албанци, претходно истиот ден. Владата „ја прими со длабока тага веста за сериозното кривично дело извршено од страна на граѓанин со косовско потекло“, рече Тачи, додавајќи дека „во овие тешки моменти, луѓето и институциите на Република Косово се со вас и ја споделуваат вашата длабока болка“. Инцидентот се случи во трговски центар во четвртокот. Вооружениот напаѓач, идентификуван како Ибрахим Шкуполи, уби четврорица колеги на својата поранешна девојка, пред и самиот да се убие. Подоцна полицијата го откри и телото на неговата девојка во нејзиниот дом во близина на трговскиот центар. (AП, АФП, БТА - 31/12/09)