24/12/2009
AТИНА, Грција -- Со гласање рано во четвртокот (24-ти декември), парламентот го одобри кризниот буџет на земјата за 2010 година. Гласањето помина со 160 „за“ наспрема 139 гласови „против“ и еден отсутен. Буџетот за 2010 година предвидува намалување на дефицитот од сегашните 12,7 отсто од БДП на 9,1 отсто од БДП. Дури и на тоа ниво, истиот ќе биде трипати повисок од прагот од 3 отсто дозволен за членките на еврозоната. Вкупниот долг на земјата достигна 300 милијарди евра или 125 отсто од нејзиниот БДП. Во 2010 година тие одлучија да се искачат на најмалку 326 милијарди евра или 133 отсто од БДП. За спроведување на буџетот, опишан како наојстар во поновата историја на земјата, владата планира да го реформира даночниот систем. Синдикатите веќе ги објавија плановите за отпочнување штрајкови во јануари и февруари против овие планирани реформи. (РИА-Новости, Дау Џонс - 24/12/09; ББС, АП, Ројтерс, АФП - 23/12/09)