21/12/2009
TИРАНА, Албанија -- Владата во петокот (18-ти декември) потпиша договор за купување пет воени хеликоптери, кои чинат 78,6 милиони евра, кои треба да се платат во следните четири години. Хеликоптерите, АС 532 АЛ Кугарс, ќе ги обезбеди француското претпријатие Франс Еурокоптер. Првиот од нив се очекува да пристигне во земјата следната година. Албанија моментно има 12 транспортни хеликоптери во употреба, донирани од Германија во 2004 година. (Лајмифундит, Телеграфи - 21/12/09)