21/12/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во вторник (22-ри декември) ќе им ја предаде апликацијата на Србија за членство во ЕУ на властите во Шведска, актуелен претседавач на ЕУ. Шведскиот премиер Фредрик Рајнфилд во изјавата од саботата рече дека Србија направила историски чекор, одлучувајќи да аплицира за членство во ЕУ. (Taнјуг, РТС - 20/12/09; Бетa - 19/12/09)