07/12/2009
БРИСЕЛ, Белгија -- Министрите за надворешни работи на ЕУ се состанаа во понеделникот (7-ми декември), на разговори околу престојниот Европски совет и евентуалното проширување на блокот од 27 држави. Србија се надева дека ќе ѝ биде деблокиран привремениот трговски договор со ЕУ, по позитивниот извештај од страна на главниот обвинител на Хашкиот трибунал за воени злосторства, Серж Брамерц. Одлуката на ЕУ зависи од Холандија, која се противи на понатамошната интеграција на Белград, ако не се докаже дека тој целосно соработува во врска со воените злосторства. Министрите за надворешни работи на ЕУ, исто така, ќе разговараат околу препораките на ЕК за отпочнување разговори за членство со Македонија, а ќе разговараат и за кандидатурата на Турција. Во однос на Косово, тие се очекува да побараат од Приштина да ја зајакне соработката со ЕУЛЕКС и да ги поддржи напорите на мисијата во поглед на владеењето на правото, и борбата против корупцијата и организираниот криминал. (Коха Диторе, Телеграфи, Коха Нет - 07/12/09; Б92, РТС, А1 - 06/12/09)