06/12/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Десетици хендикепирани лица ги продолжија протестите втор ден по ред во петокот (4-ти декември), пред зградата на парламентот во Сараево, барајќи ратификација на конвенцијата на ОН за правата на оние со хендикеп. Околу 80 луѓе, претежно во инвалидски колички, беа сместени во еден од ходниците и рекоа дека нема да си одат додека пратениците не им дадат поголема финансиска помош. Моментно хендикепираните во Федерацијата на БиХ добиваат околу десетпати повеќе помош од оние во Република Српска. (Ројтерс, БТА - 04/12/09)