04/12/2009
ТИРАНА, Албанија -- Министерството за здравство во четвртокот (3-ти декември) го објави првиот смртен случај од свински грип, еден 57-годишен пациент од предградието на Тирана, кој се борел со тумор и проблеми со срцето. Повеќе од 200 луѓе се инфицирани со вирусот Х1Н1 досега.
Во другите вести, првиот смртен случај од свински грип во ентитетот на БиХ Република Српска (РС) го потврди портпаролката на Институтот за здравство Милка Мрѓа. Досега во РС има вкупно 257 познати случаи. (Фонет, Б92, Радио Слободна Европа, Шекули, Ора њус, ВоА, Телеграфи - 03/12/09)