Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Бан го објави извештајот за Кипар

03/12/2009

ЊУЈОРК, САД -- Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во извештајот од средата (2-ри декември) констатира дека директните разговори во Никозија за повторно обединување на Кипар напредуваат, но сé уште не влегле во најтешката фаза. Во документот се истакнува дека иако двете страни заземаат конструктивна улога во дијалогот, сепак мора да се решат некои проблематични прашања, што значи дека ќе има несогласувања. Бан ги охрабри водачите на заедниците на кипарските Турци и кипарските Грци да покажат реализам, истакнувајќи дека процесот на преговори бара решителен и трпелив пристап. Тој, исто така, ги повика членките на Советот за безбедност на ОН да одобрат продолжување на мировната мисија на ОН во Кипар за уште шест месеци, до следниот јуни. (Прес-центар на ОН, БТА - 02/12/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's