02/12/2009
AТИНА, Грција -- Премиерот Јоргос Папандреу и заменик-министерот за надворешни работи, Димитрис Друцас, му кажаа на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, дека позицијата на нивната земја во врска со напорите на Скопје за добивање датум за почеток на разговорите за пристапување во ЕУ, е непроменета, објавија македонските медиуми во вторникот (1-ви декември). Тројцата официјални претставници остварија разговори на маргините од министерската конференција на ОБСЕ во Атина. Милошоски ги повика грчките власти да го променат ставот и да покажат прагматичен пристап во врска со кандидатурата на Македонија за ЕУ. Тој рече дека тоа ќе има позитивно влијание во напорите за решавање на долготрајниот спор за името меѓу двете земји. За време на разговорите, Милошоски понуди две иницијативи за подобрување на билатералните односи. Првата се однесува на трансформирањето на грчката Канцеларија за врски во Скопје во амбасада, додека втората се однесува на потпишувањето договор за избегнување на двојното оданочување. Грција вели дека ќе ги разгледа предлозите. (MИА, А1, Макфакс - 01/12/09)