01/12/2009
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски в среда (2-ри декември) ќе се состане со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо, потврдија извори за новинската агенција Макфакс во понеделникот. Состанокот уследи по разговорите од петокот меѓу Груевски и неговиот грчкит колега Јоргос Папандреу во регионот на Преспанското Езеро, во северозападна Грција, на маргините од регионалниот состанок за животната средина. Двајцата претставници разговраа околу долготрајниот спор во врска со името помеѓу двете држави. Македонските власти активно лобираат пред самитот на ЕУ овој месец, за добивање датум за почеток на разговорите за пристапување. Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, и грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Друцас, ќе се состанат на маргините од Министерскиот совет на ОБСЕ, кој е во тек во Атина. (Maкфакс, А1, Сител, Радио Слободна Европа - 30/11/09)