01/12/2009
НИКОЗИЈА, Кипар -- Командата на британските бази во Кипар во понеделникот (30-ти ноември) издаде писмено соопштение потврдувајќи ги извештаите на медиумите дека персоналот се преместува од една од двете бази на островот, но негираше какво било „намалување“ на силите. Според соопштението, базата Декелиа се празни само заради реновирање. Персоналот кој е преместен во Акротири ќе се врати во Декелиа откако работите ќе завршат. Командата додаде дека 80 британски војници ќе се вратат дома, бидејќи, заедно со група од 62 локални инженери, тие биле членови на единицата за поддршка која беше расформирана. Државната кипарска радиотелевизија во неделата јави дека неколку стотини војници во базата Декелиа во Ларнака се вратиле во Велика Британија, додека помал број биле преместени во базата во Акротири. (Ксинхуа, Фамагуста газете - 30/11/09)