30/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Образовните институции иницираа план за изедначување на локалните универзитетски дипломи со оние во Косово и Македонија. Министерството за образование во четвртокот (26-ти ноември) објави дека универзитетите на кои се говори албански јазик се известени за иницијативата. „Ќе започнеме со процедурите за унифицирање и стандардизација на универзитетските наставни програми како што е предвидено со Болоњскиот процес“, изјави шефот на Универзитетот во Тирана Дори Куле. Болоњскиот процес има за цел создавање Европска област на високото образование, со тоа што стандардите за академските степени и потврдите за квалитет ќе станат поспоредливи и покомпатибилни низ цела Европа. (Дојче Веле, Шекули, Телеграфи - 29/11/09)