30/11/2009
AТИНА, Грција -- Членовите на опозициската Нова демократија (НД) во неделата (29-ти ноември) го избраа поранешниот министер за финансии Антонис Самарас за свој водач. Според делумните резултати од понеделникот, Самарас добил 47,6 отсто од гласовите, по што следи поранешната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, со 41,6 отсто. Префектот на Солун, Панајотис Псомиадис, беше трет со 10, 7 отсто. НД ја предводеше претходната влада, но изгуби на предвремените избори во октомври од левичарско-центристичката партија ПАСОК. Потоа, поранешниот премиер Костас Караманлис поднесе оставка од претседателската функција.
Во другите вести, сомалиските пирати во неделата го запленија грчкиот супертанкер Маран Центаурус покрај брегот на Сејшелите. Грчкото Министерство за одбрана вели дека грчка поморска фрегата сега го следи бродот, за кој се верува дека е еден од најголемите досега запленети од пирати. (Катимерини, АНА-МПА, ДПА, АП, ББС - 30/11/09)