Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романскиот Апелационен суд го поништи разрешувањето на Ника

30/11/2009

БУКУРЕШТ, Романија -- Апелациониот суд во петокот (27-ми ноември) донесе одлука дека разрешувањето на Дан Ника од позицијата министер за внатрешни работи е незаконско, оставајќи го министерството повторно во неизвесност. Судот го отфрли декретот на претседателот Трајан Башеску, издаден пред два месеци, со кој беше разрешен Ника, од Социјалдемократската партија (ПСД), што доведе до политичка криза. Ника беше сменет поради коментарите дека е можно да имало фалсификат на ноемвриските претседателски избори. Неговата ПСД се повлече од владата и формираше нов сојуз со Национал-либералната партија, со што падна владата на поранешниот премиер Емил Боц, на гласањето за доверба.

Одлуката на судот може да се обжали, но периодот е чувствителен, бидејќи Министерството за внатрешни работи е институцијата која ги организира изборите во Романија. Башеску се соочува со Мирчеа Џоана од ПСД во вториот круг од претседателските избори в недела. Актуелниот министер за внатрешни работи, Василе Блага, вели дека ќе ја почитува судската одлука и ќе се повлече, оставајќи го министерството во рацете на двата државни секретаријати. Техничка комисија ќе ги надгледува изборите, кои ќе бидат координирани од државниот секретар Михаи Капра. (Nine o'clock, Евениментул Зилеи, Котидианул - 30/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's