Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Караџиќ го оспори легитимитетот на Трибуналот на ОН

30/11/2009

ХАГ, Холандија -- Поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ во понеделникот (30-ти ноември) достави поднесок во кој се вели дека Трибуналот на ОН за воени злосторства нема „правосилност и легитимитет“. Караџиќ, кој е обвинет по 11 точки од обвинението за воени злосторства извршени за време на конфликтот во Босна во периодот 1992-1995 година, го бојкотираше почетокот на неговото судење минатиот месец, принудувајќи ги судиите да назначат адвокат за него, против негова волја, и да го одложат судскиот процес до март 2010 година, со цел да му се даде време на адвокатот да се подготви. „Без оглед каков ќе биде одговорот на судската комисија, на овој поднесок, Радован Караџиќ верува дека е негова морална должност ... да ја оспори правосилноста и легитимитет на овој суд“, вели Караџиќ во документот на осум страници. (Ројтерс, АП - 30/11/09)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's