30/11/2009
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски побара од водачите на ЕУ да ја поддржат препораката на Европската комисија (ЕК) за почеток на разговорите за пристапување со Македонија, објавија локалните медиуми во неделата (29-ти ноември). Во писмото до водачите пред нивниот самит во декември, тој истакна дека овозможувањето секоја земја да напредува врз основа на нејзините остварувања, претставува чекор што ги охрабрува внатрешните реформи и ги мотивира другите земји од Западен Балкан. Што се однесува до долготрајниот спор околу името со соседна Грција, Груевски потврди дека Македонија ќе продолжи со учество во преговорите со кои посредуваат ОН.
Во меѓувреме, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, испрати писмо шефот на НАТО, Андерс Фо Расмузен, потврдувајќи ја силната решеност на Македонија за исполнување на своите стратешки цели -- имено, членството во НАТО и ЕУ. (МИА, Сител, Макфакс - 29/11/09)