29/11/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Главната опозициска Социјалдемократска партија (СДП) во петокот (27-ми ноември) ги објави плановите да побара разрешување на министерот за транспорт, Божидар Калмета, обвинувајќи го за корупција во претпријатието Хрватски патишта (ХАЦ), главниот оператор на патиштата. Тие велат дека тој треба да преземе политичка одговорноста за другите клучни претпријатија под контрола на Министерството за транспорт, како што се Хрватски железници и Хрватска пошта. Во четвртокот полиција уапси петмина претставници на ХАЦ, вклучително и поранешниот генерален директор и поранешниот член на управниот одбор, заради наводно преговарање за договори кои резултираа со огромни загуби за државното претпријатие. Премиерката Јадранка Косор го бранеше Калмета по апсењата, тврдејќи дека тој не знаел за малверзациите во ХАЦ. (Индекс, ХИНА, Национал - 27/11/09)